Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

25.03.2026 09:30

За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб.

Вчера, во Загреб, претседателката беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ.

За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.

Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек. Таа истакна дека ѝ претставува чест што оддала почит на истакнатиот македонски филолог, поет и прв претседател на МАНУ, нагласувајќи ја неговата трајна и универзална вредност.