Констатирана оставката на Ленче Ристоска
Јавната обвинителка Ленче Ристоска минатата недела поднесе оставка од функцијата поради, како што наведе, долгогодишни притисоци, опструкции и неодамнешните одлуки на Советот на јавни обвинители и државниот јавен обвинител.

Оставката на обвинителката Ленче Ристоска денеска пред Советот на јавните обвинители. Едногласно и без расправа е констатирана.
Јавната обвинителка Ленче Ристоска минатата недела поднесе оставка од функцијата поради, како што наведе, долгогодишни притисоци, опструкции и неодамнешните одлуки на Советот на јавни обвинители и државниот јавен обвинител со кои ѝ се одземаат предмети на кои работи изминатите години.
Во отвореното писмо, Ристоска упати критики до системот, посочувајќи дека нејзиниот интегритет бил директно нападнат.
Од Советот на јавни обвинители известува Марина Стојанова – Тонева.
