Одложено судењето за предметот „Талир 2“
Во судницата за случајот се појави нов обвинител, Кристијан Смилевски. Тој е назначен, откако јавниот обвинител Савески ги повлече овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска, по што таа даде оставка од функцијата.

Судењето за предметот „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во кој е обвинет екс-премиерот Никола Груевски се одложи поради отсуство на сведокот Божиновски.
Во судницата за случајот се појави нов обвинител, Кристијан Смилевски. Тој е назначен, откако јавниот обвинител Савески ги повлече овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска, по што таа даде оставка од функцијата.
Новиот обвинител се надева дека постапката ќе заврши пред предметот да застари, но, посочи доколку Груевски се врати, имал право да побара да му се суди во присуство.
