Странските инвестиции под притисок на кризата
Ударот врз бизнисот од кризата е неизбежен и за странските инвеститори во земјава, но отпорноста на компаниите зависи дали се базираат на долгорочни или краткорочни стратегии. Засега нема поголемо влијание, но на долг рок се очекува поскапување на трошоците за производство...

Ударот врз бизнисот од кризата е неизбежен и за странските инвеститори во земјава, но отпорноста на компаниите зависи дали се базираат на долгорочни или краткорочни стратегии. Засега нема поголемо влијание, но на долг рок се очекува поскапување на трошоците за производство.
Македонија е најголем трговски и инвестициски партнер на Обединетото Кралство од западен Балкан, стратешкиот договор само ја продлабочи економската соработка, истакна британскиот амбасадор Метју Лосон.
„Меѓувладиниот договор, на кој двете наши влади се силно посветени, ќе ги поддржи критичните инфраструктурни проекти во транспортниот, енергетскиот, здравствениот и технолошкиот сектор, како дел од рамката за финансиска поддршка од 5 милијарди фунти од страна на Министерството за гарантирање на извозните кредити на Обединетото Кралство“, изјави британскиот амбасадор Метју Лосон.
Според министерката Димитриеска Кочоска, македонските производи го зголемуваат присуството на британскиот пазар. Во 2025 година, вкупната трговска размена достигнала 1,57 милијарди евра, што претставува раст од 18,9 проценти во однос на претходната година. Според Кочоска уште поохрабрувачки е фактот што само во првите два месеци од 2026 година трговската размена изнесува 374 милиони евра, што е раст од 43,4 проценти на годишна основа.
Највисок прилив на британски инвестиции е регистриран во 2024 година, кога британските инвестиции достигнале 221,3 милиони евра, што, според министерката, е силен сигнал за довербата на британските инвеститори во македонската економија. Очекува договорот за стратешкото партнерство да овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти.
Александра Велинова
