Скопје европска престолнина

Скопје 2028 – историска шанса за урбана трансформација

23.04.2026 16:16

„Културата мора да прерасне во суштински двигател на урбаната трансформација. Титула, не само за организација на настани, туку и за траен развој на градот“ – Скопје – европска престолнина...

Скопје европска престолнина, нема да биде само прослава туку пресвртница за градот. Културата ќе стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на метрополата, порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Поддршка и од Министерството за култура вредна 20 милиони евра за обнова на историските и културни споменици во кои ќе се одржуваат уметничките настани. Идната недела почнува реконструкцијата на Универзалната сала, објектот на Поштата ќе прерасне во младински хаб, по 12 години се отвора и Скопското Kале. Според првичните проценки оваа манифестација во Скопје ќе донесе над 8 милиони туристи.

Многубројни настани ќе се одржуваат и по кејот на реката Вардар, аквадуктот и на локалитетот „Скупи“, во нивната обнова ќе учествува и УНДП.

Евроамбасадорот Рокас повика дека ова е моментот кога треба да ги здружиме силите, бидејќи Европската унија е со нас на ова патување.

Титулата Европска престолнина на културата за 2028, македонската метропола ја доби во 2023-тата година. Културните настани ќе се одржуваат цела година низ целиот град.

Викторија Милевска