Култура

Министерот Љутков во работна посета на Охрид

24.04.2026 09:00

На прес-конференција ќе се обрати по повод објавувањето на програмата за 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Охрид. На прес-конференција ќе се обрати по повод објавувањето на програмата за 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“,

Потоа ќе ја посети Самуиловата тврдина, каде што во цитаделата на тврдината е предвидена изјава за медиумите, по што посетата продолжува на локалитетот Манчевци во старото градско јадро на Охрид, стои во соопштението од Министерството за култура.