Култура

Изложба „Експериментален цртеж“ во Музејот на Град Скопје

25.04.2026 18:37

Друштвото на ликовните уметници на Македонија организира изложба на тема „Невидливи траги“, која ќе биде отворена на 28 април во Музејот на Град Скопје.

Во организација на Друштво на ликовните уметници на Македонија, на 28 април со почеток во 20 часот во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“, посветена на темата „Невидливи траги“.

На изложбата ќе бидат претставени дела од 43 уметници, членови на ДЛУМ, кои преку различни пристапи и техники ќе ја истражуваат современата ликовна практика и израз во цртежот.

Изложбата ќе ја отворат Јана Манева - Чупоска, претседател на ДЛУМ, Маја Рауник Кирков, претседател на Уметничкиот совет на ДЛУМ и Панче Велков, директор на Музејот на град Скопје.

Настанот претставува дел од редовните програмски активности на ДЛУМ за поддршка и промоција на домашната современа уметност.