Општина Центар

Центар го одбележува роденденот на Горан Стефановски

27.04.2026 09:00

Целта на настанот, кој е дел од годинашната програма за култура на Општина Центар, е да се одбележи творештвото на Стефановски, неговиот дух и неговото присуство во културниот и општествениот живот, преку уметност, музика, сеќавања и пријателски разговори...

Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало во општина Центар денеска од 17 часот ќе се одржи настан со кој ќе се одбележи роденденот на големиот драмски автор.

Целта на настанот, кој е дел од годинашната програма за култура на Општина Центар, е да се одбележи творештвото на Стефановски, неговиот дух и неговото присуство во културниот и општествениот живот, преку уметност, музика, сеќавања и пријателски разговори.

Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе пречека и ќе разговара со блиски пријатели и соработници на Горан, присетувајќи се на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина.

Програмата ќе вклучи настап на хорот „Мирче Ацев“ со неколку од омилените песни на Горан, ќе настапи и младата џез формација „Трицкл“ и ќе бидат изведени неколку актерски монолози од делата на Горан Стефановски.говите дела, интерпретирани од актери, како и со ликовна изложба со портрети од Горан, насликани од уметникот Ненад Рафајловски. Музичката атмосфера ќе ја заокружи DJ Шурбе со свој DJ сет.

Општина Центар, години наназад, реализира настани и уредува уметнички катчиња, посветени на животот и делото на славниот дебармаалец.