Хјустон со прва победа во НБА плејоф серијата против Лејкерси
27.04.2026 09:47
Предводник во победата за тимот од Тексас беше Амен Томпсон кој постигна 23 поени.

Тимот на Хјустон рокетс ги победи Лос Анџелес лејкерс со 115:96 (26:21, 30:26, 34:18, 25:31)во четвртиот натпревар од осминафиналето на НБА плејофот.
Предводник во победата за тимот од Тексас беше Амен Томпсон кој постигна 23 поени.
Лејкерси водат во серијата прд до четири победи со 3:1. Следниот натпревар екипите ќе го имаат во Лос Анџелес на 30 април.
На вториот дуел одигран ноќта недела кон понеделник Бостон како гостин ја совлада Филаделфија со убедливи 128:96. Селтикс поведоа со 3:1 и се на еден чекор до пласманот во четвртфиналето на плејофот.
