Се кастрат платите во регионот, во Македонија се покачуваат!
Поради светската економска криза зголемувањето на македонските плати беше пролонгирано, но од идниот месец административците ќе добијат повисоки плати за 4 проценти, пензиите за пет...

Новата економска криза силно се чувствува во европските економии. Владите ги намалуваат платите за речиси 30 проценти. Србија е принудена да ги намали платите и пензиите за 8 проценти. Во Грција пензиите се кратат за 40% отсто. Кратење има и на платите во Хрватска за 10%, а во Словенија службениците ќе добијат пониски плати за четири отсто. Во Унгарија се намалуваат вкупните трошоци за плати во претпријатијата кои се во државна сопственост за 50 проценти. Замрзнати плати и намалени за 25 проценти имаат и вработените во јавниот сектор во Романија.
Во регионот се намалуваат јавните инвестиции, а се зголемуваат даноците. Шпанија ја зголеми стапката на ДДВ од 16 на 18 проценти. Во Португалија храната во рестораните за која претходно важеше повластена стапка на ДДВ од 10%, сега се оданочува со 23 проценти. Се размислува и за отпуштања во јавниот сектор.
Поради светската економска криза зголемувањето на македонските плати беше пролонгирано, но од идниот месец административците ќе добијат повисоки плати за 4 проценти, пензиите за пет.
Во 2006-тата просечната исплатена плата изнесуваше 13.518 денари, a во 2013-ta изнесувала 21.500. Просечната плата порасна во образованието, здравството и културата. Пред економската криза, платите во јавната администрација беа зголемени за 25 проценти.
Дијана Ценевска