ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, дека првиот дел – теоретски дел од стручните испити ќе се одржи во период од 07.05.2026-8.5.2026 година од 09:00 до 15:00 часот. Вториот дел – практичен пример од стручните испити ќе се одржи во период од 26.05.2026 – 27.05.2026 година во период од 09:00 до 15:00 часот.
Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
Зграда на Македнска Радио теливзија, 10-ти кат, ул. Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје
Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050
