Златен медал за македонските кадети на Светското училиштно првенство во ракомет

28.04.2026 20:43

Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети не дозволија пресврт.

Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училиштно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32.

Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети не дозволија пресврт.

Во женското финале на ова натпреварување Хрватска ја совлада Македонија со 28:26.