Објавен конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година
Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија...

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година, информираат од Министерството за култура.
Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Државната награда, под условите определени во Конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Конкурсот ќе трае од 1 до 30 мај 2026 година.
