Прилеп
Вечна борба за работничките права
01.05.2026 14:01
Битката за работничките права е вечна. Но, каде сме ние? Според граѓаните и невладините-далеку сме од правата на работникот. Според работодавците – законска обврска се, а поголеми права водат до уште поголема продуктивност...

Се забележува поголема запознатост на работниците за нивните права, сепак проблемите се провлекуваат. Главно, се детектираат кај работничките при бременост и мајчинство.
Работодавците со став – Законот за работни односи мора да се почитува. Следува тежок период за стопанисување, а работодавците мора да понудат стабилни работни места ако сакат да опстојат и да имаат продуктивност.
Работничките права не се само првомајска тема.
Елизабета Митреска
