Вучиќ најави избори во Србија на 12 јули или на крај на октомври
Терминот ќе зависи од состојбите во земјата и во светот, нагласувајќи дека изборите ќе бидат демократски и во согласност со препораките на меѓународните тела, истакна Вучиќ...

Српскиот претседател Вучиќ објави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12-ти јули или во периодот од октомври до крајот на ноември. Истакна дека терминот ќе зависи од состојбите во земјата и во светот, нагласувајќи дека изборите ќе бидат демократски и во согласност со препораките на меѓународните тела.
„Најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби дури и за два и пол месеца. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси и причини. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“, рече Вучиќ.
Тој најави дека препораките на ОДИХР ќе бидат целосно усвоени во Народното собрание, како и одлуките на Венецијанската комисија кога станува збор за судството.
