Ден на трудот

Државниот врв со пораки за Денот на трудот

01.05.2026 13:00

Да сфатиме дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни – порача претседателката Сиљановска-Давкова. Честитка за Денот на трудот и од собранискиот спикер Гаши...

Државниот врв со честитки за денот на трудот. Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат. Да се однесуваме кон работниците како кон вреден социјален капитал, ако сакаме да ги задржиме тука, или да ги вратиме дома. Да сфатиме дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни – порача претседателката Сиљановска-Давкова.

Честитка за Денот на трудот и од собранискиот спикер Гаши. Вели, работничките права, достоинствената работа, социјалната правда и еднаквите можности, не се само вредности што треба да ги чествуваме, туку и обврски кон кои постојано треба да се стремиме.