Детроит и Кливленд преку „мајсторки“ до втората рунда во НБА плејофот

04.05.2026 11:52

Екипите на Детроит и Кливленд со победи во решавачките седми натпревари обезбедија пласман во второто коло од плејофот во НБА, каде ќе играат меѓусебе.

Екипите на Детроит и Кливленд со победи во решавачките седми натпревари обезбедија пласман во второто коло од плејофот во НБА, каде ќе играат меѓусебе.

Детроит славеше убедливо против Орландо со 116:94, во натпревар во кој клучната предност ја изгради уште до крајот на првото полувреме (60:47), а во третата четвртина му дозволи на противникот да постигне само 13 поени.

Отсуството на Франц Вагнер се покажа како голем хендикеп за Орландо. Најзаслужен за триумфот беше Кејд Канингам со 32 поена и 12 асистенции, додека Тобајас Херис додаде 30 поени.

Кливленд, пак, го победи Торонто со 114:102. По израмнетото прво полувреме (49:49), домашните направија пресврт во третиот период, кој го добија со убедливи 38:19 и така го решија натпреварот.

Двете серии завршија со резултат 4-3, а во следната рунда од Источната конференција ќе следи директна пресметка меѓу Детроит и Кливленд.