Антонели незапирлив – трета победа во низа
Младиот Италијанец беше најбрз на трката во Мајами, оставајќи ја конкуренцијата зад себе и потврдувајќи ја одличната форма на стартот од сезоната.

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ја продолжи доминацијата во Формула 1 со трета последователна победа, триумфирајќи на Големата награда на Мајами.
Младиот Италијанец беше најбрз на трката во Мајами, оставајќи ја конкуренцијата зад себе и потврдувајќи ја одличната форма на стартот од сезоната.
Второто место му припадна на актуелниот шампион Ландо Норис од Мекларен, додека трет заврши неговиот тимски колега Оскар Пјастри.
Четвртата позиција ја освои тимскиот колега на победникот, Џорџ Расел, додека Макс Верстапен од Ред Бул беше петти. Шарл Леклер од Ферари имаше проблеми со болидот во финишот и заврши на шестото место.
По четири тркачки викенди, Антонели е лидер во генералниот пласман со 100 бодови, пред Расел со 80, додека Леклер е трет со 63 поени.
Следната трка во шампионатот е Големата награда на Монтреал, закажана за 24 мај.
