Брера славеше во Струга, реми меѓу Тиквеш и Арсими

04.05.2026 12:05

Во завршните натпревари од 30. коло во Прва македонска фудбалска лига, АП Брера оствари важна победа на гости кај Струга Трим Лум, додека Тиквеш и Арсими ги поделија бодовите.

АП Брера стигна до значајни три бода во борбата за опстанок, откако во Струга ја совлада Струга Трим Лум со 1-0. Херој на гостите беше Петровиќ, кој го постигна победничкиот гол во 88. минута. Претходно, домашниот тим остана со играч помалку по исклучувањето на Хамза во 71. минута, што гостите го искористија во финишот.

Во Кавадарци, натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими заврши без победник 1-1. Домашните поведоа со голот на Рамадани во 24. минута, но веќе во 29. минута Гони израмни и го постави конечниот резултат. Тиквеш од 19. минута играше со фудбалер помалку, откако Камара доби директен црвен картон.

По ова коло, на врвот на табелата останува Вардар со 74 бодови, пред Шкендија со 68 и Струга со 63. Во продолжение следуваат Силекс (53), Тиквеш (41), Башкими (40), Арсими (39), АП Брера (36), Пелистер (33), Македонија ЃП (30), Работнички (29), додека на дното е Шкупи.