Проекција на филмот „Марија“ на „Кино средби“ во Кинотека
Француски институт во Скопје и Кинотека на Северна Македонија продолжуваат со „Кино средби“ – на 6 мај ќе биде прикажан францускиот филм Марија.
Во рамки на месечната програма „Кино средби“, публиката во Скопје ќе има можност да го проследи современиот француски филм „Марија“ (2024), во режија на Жесика Пали. Проекцијата е закажана за 6 мај (среда) со почеток во 20 часот во Кинотека.
Филмот ја раскажува приказната за младата актерка Марија, која се соочува со наглата слава и контроверзии по нејзината улога во култниот филм Последното танго во Париз. Главната улога ја толкува Анамарија Вартоломеј, а во актерската екипа се и Мет Дилон и Џузепе Маџо.
Филмот доби позитивни критики од француските медиуми, кои го истакнуваат како чувствителен омаж на актерката Марија Шнајдер и силна актерска изведба на Вартоломеј.
