ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

Јоханесбург апелира за тестирање на хантавирус

05.05.2026 14:24

Националниот институт за заразни болести на земјата спроведува следење на контактите во регионот Јоханесбург за да утврди дали други луѓе биле изложени на заразата...

Портпаролот на Министерството за здравство на Јужноафриканската Република апелираше до сите кои биле во близок контакт со лицата на крузерот кој се најде во центарот вниманието поради епидемија на хантавирус, да не губат време и да се пријават во најблиската здравствена установа за тестирање. Националниот институт за заразни болести на земјата спроведува следење на контактите во регионот Јоханесбург за да утврди дали други луѓе биле изложени на заразата.

„Не сакаме да всадуваме страв кај луѓето. Но, само за оние кои се во близок контакт со овие луѓе, велиме, ве молиме, секој што доживеал некој од знаците и симптомите како што се главоболка, треска, болки во телото. Ве молиме не губете време, само одете во најблиската здравствена установа за скрининг и тестирање, за да можеме да утврдиме дека, навистина, не сте се заразиле со овој смртоносен вирус“, изјави Фостер Мохале, портпарол на Министерството за здравство на Јужноафриканската Република.

Имено на крузер управуван од холандска капацитет од околу 170 патници и 70 членови на екипажот, починаа 3 лица, а неколкумина се заразени од вирус кој го пренесуваат глодари.