Собранието го одбележа Денот на македонскиот јазик
5 Мај е потсетник на 1945 година и усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Денот на македонскиот јазик, како и јубилејот – 80 години од излегувањето од печат на првата граматика од Круме Кепески одбележани во законодавниот дом.

Јазикот е единствената наша татковина, сè додека го чуваме ќе може да сметаме дека ја имаме татковината како дом, како огниште е аманетот на патријархот на македонското писмо, македонскиот великан од Небрегово, Блаже Конески.
Делото „За македонските работи“ на Крсте Петков Мисирков е темелот на кодификацијата и можеби првата стандардизација на македонскиот јазик, смета потпретседателката на Собранието, Бендевска. Тој овековечил дека љубовта кон јазикот е должност и право да биде одбранет.
Јазикот во образованието во мултикултурна Македонија е значаен елемент на поврзување и разбирање, сметаат просветните работници.
Јазикот мора да се негува и унапредува постојано. Денот на македонскиот јазик беше можност опозицијата да повика Законот донесен во 2024 година да биде спроведен.
Академската јавност предупредува на вештачката интелигенција и инпутот на јазикот.
Службен јазик, македонскиот стана на првото заседание на АСНОМ во 1941 година, во 1945 на 5 мај е усвоена азбуката, на 7 јуни и правописот.
Фиљана Кока
