Руско-украински конфликт

Примирјето на Зеленски без мир, Русија напаѓа

06.05.2026 09:41

Само неколку часа пред да стапи во сила, Русија изврши смртоносни вечерни напади врз Краматорск и Запорожје на истокот од земјата...

Од полноќ во Украина стартуваше најавениот прекин на огнот од страна на Киев, откако Путин најави дека ќе се одржи привремено дводневно примирје за Денот на победата од 8 до 9 мај. Сепак, примирјето на Зеленски без мир. Само неколку часа пред да стапи во сила, Русија изврши смртоносни вечерни напади врз Краматорск и Запорожје на истокот од земјата.

Зеленски ги осуди како што рече, „циничните“ руски удари и порача дека секојдневните напади врз цивили се неприфатливи, повикувајќи на траен прекин на огнот, а не краткотрајни паузи.