Правниот факултет домаќин на конференција за односите со ЕУ
Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“.
Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Овие настани, како што нагласуваат организаторите, ја дефинираа траекторијата, суштината и отпорноста на нашето партнерство и го отворија патот на процесот на европска интеграција на земјава.
Обраќања на конференцијата ќе имаат министерот за европски прашања Беким Сали и амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, по што ќе следат два тематски панели за геополитичкиот контекст на проширувањето, улогата на младите и можностите за повторно активирање на европскиот пат, како и за владеењето на правото и економската конвергенција како неопходни темели за кредибилен и заслужен процес на пристапување.
