МОН

Образованието и вештачката интелигенција во фокус на панел-дискусија на МОН

06.05.2026 10:03

Министерството за образование и наука денеска ја организира завршната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, посветена на темата „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“ ...

Министерството за образование и наука денеска ја организира завршната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, посветена на темата „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“.

Целта на настанот е да се отвори дискусија за примената на вештачката интелигенција во образованието, потребата од континуирана едукација на наставниците и нивната улога во насочување на учениците во дигиталната ера.

На панелот ќе учествуваат министерката за образование Весна Јаневска, универзитетски професори, наставници и претставници од приватниот сектор. Меѓу учесниците е и младиот талент Македон Димитровски од Тетово, добитник на златен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“, кој ќе даде свое видување за учењето и технологијата.