Вардар со победа се прости од Европа, Монпеље оди на фајналфор
„Црвено-црните“ славеа со 27-24 во Скопје, но не успеаја да ја надоместат негативата од првиот меч и останаа без место на завршниот турнир во ЕХФ Лига Европа.
Ракометарите на РК Вардар 1961 со победа ја завршија европската сезона, откако во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Лига Европа го совладаа Монпеље со 27-24. Сепак, поразот од десет голови на првиот натпревар беше пресуден за елиминација.
Вардар одигра одлични 40 минути и успеа да намали голем дел од негативата, поведувајќи и со седум разлика, но во завршницата немаше сили за целосен пресврт.
Францускиот тим ја искористи падот во играта на домашните во последните 20 минути и го задржа вкупното водство за пласман на фајналфор.
Најефикасен кај Вардар беше Малус со шест голови, додека голманот Валах забележа 16 одбрани.
