Сцена

„Ролинг стоунс“ најавија нов албум „Foreign Tongues“

06.05.2026 14:44

По месеци мистериозни најави и гласини, легендарниот бенд потврди дека подготвува нов музички проект, со можно излегување на албумот во јули.

Легендарната британска рок-група „Ролинг стоунс“ официјално го потврди новиот албум насловен „Foreign Tongues (Странски јазици)“, по период на мистериозни најави и кампања со билборди и објави на социјалните мрежи.

Членовите на бендот Мик Џегер, Рони Вуд и Кит Ричардс, на интересен начин го открија изгледот на омотот, споделувајќи поединечни делови од корицата, кои заедно ја формираат целосната слика.

Албумот ќе биде објавен на 10 јули, што ќе биде прв нивен проект по наградуваниот „Hackney Diamonds“ од 2023 година.

„Ролинг стоунс“, кои зад себе имаат повеќедецениска кариера, досега имаат 14 албуми број еден во Велика Британија и осум синглови што го достигнале врвот на топ-листите.

Во 1989 година беа примени во Куќата на славните на рокенролот. 

Бендот ги објави и првите две песни од албумот.