Богата програма за 60. МТФ „Војдан Черондрински“
Претставата на драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори годинашниов, јубилеен 60 македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што ќе се одржува од 5 до 12 јуни во Прилеп. 10 претстави на македонските театри се во трката за награди, а ќе бидат доделени и четири награди за животно дело...

Десет претстави во официјалната конкуренција, четири во придружната програма, тркалезни маси, автор во фокусот, работилници ќе понуди јубилејниот 60-ти македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 5 до 12 јуни во Прилеп под мотото „Храбриот нов театар“.
Годинашни добитници на наградата за животно дело се Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Керими.
Наградата за најдобра машка улога од годинава ќе го носи името на актерот, професорот и поранешен директор на Фестивалот, Кирил Ристоски.
Елизабета Митреска
