Фудбал

ПСЖ ќе ја брани европската титула

07.05.2026 11:01

За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување.

Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето.

За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување.

ПСЖ поведе со голот на Усама Дембеле во 3.минута и потоа со одлична дефанзивна игра не му дозволија на ривалот да дојде до шанса за гол. Голот за изедначување Баерн го постигна во судиското наполнување на вториот дел преку Хари Кејн во 90+4 минута.

Во финалето на 30.мај во Будимпешта од 18 часот ќе играат Арсенал и ПСЖ. 

Фото/ Извор: МИА