МВР

Претрес во Гостивар: Пронајдена марихуана, приведени две лица

07.05.2026 13:58

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари.

Во полициска акција во Гостивар, приведени се две лица поради сомнение за нелегална трговија со дрога, откако при претрес биле пронајдени марихуана, дигитална вага и пари.

Според Министерството за внатрешни работи, на 6 мај во 13:30 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода 37-годишниот Е.И. од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари.

Подоцна, во 21:40 часот, бил приведен и Џ.М.(38) од гостиварското село Здуње, поради сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Од МВР информираат дека двајцата биле задржани во полициска станица и дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.