Демографија

Национална стратегија за иднината на државата

07.05.2026 13:22

Демографските промени се реалност што бара одговорност, визија и системски политики, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Регионалната министерска конференција...

Не придонесувајте во туѓи економии – иднината на вашата татковина се гради дома, порака на премиерот Мицкоски од Регионалната министерска конференција насловена „Предводење на промените: патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето“, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на Владата.

Стратегијата 2026-2046 е национална рамка за иднината на државата.

„Нашата определба е јасна-наместо политика на страв, градиме политика на отпорност. Наместо краткорочни мерки, создаваме долгорочна стратегија. Наместо декларативни заложби, поставуваме системски решенија“, нагласи премиерот Мицкоски.

Известува Анита Димитријевска- Велковска