МВР

Приведено лице од Берово поради нарушување на јавниот ред и мир во ПС Аеродром

07.05.2026 20:27

По документирање на случајот, против Х.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Вчера во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово, информираат од МВР.

Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видеозапис од видеонадзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видеозаписот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица, при што снимал со мобилен телефон иако му било укажано дека тоа не смее да го прави.

По документирање на случајот, против Х.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.