Непристојни предлози за имунизација
Заминуваат во странство па бараат, нивните деца во кус период да ги примат сите вакцини што претходно ги пропуштиле. Со вакви случаи, сè почесто се соочуваат лекарите. Педијатрите предупредуваат – тоа е недозволиво и опасно за децата...

Родители на децата со примена вакцина само во родилиште, од мене бараа за два – три месеци да ги примаат сите вакцини коишто се примаат пет-шест години, зашто добиле работа во странство. Ваков непристоен предлог добила докторката Соња Ралева. Вели, случајот не е единствен и за жал, многу често вакви предлози имала и од колеги.
За разлика од другите вакцини кои се даваат со согласност од родител, ХПВ вакцината може да се прими по 18 години, па така тинејџерите сами можат да одлучат за своето здравје.
ХПВ вакцината се дава прв пат на 12 години во 7 одделение и втора доза по шест месеци. Додека од 15 години е во три дози, втората доза е по два месеца, а третата по шест месеци од второто боцкање.
51 процент е опфатот со ХПВ вакцината, таа е деветтовалентна и штити од девет соја на ХПВ вирусот кои што е причина за канцер на матка.
Наташа Јанчиќ-Менковски
