Европска унија

Стратегија за борба против сиромаштијата

08.05.2026 14:40

Европската унија ја донесе стратегијата за борба против сиромаштијата. Во неа, има дел и за Западен Балкан и Македонија. Констатирано дека процесот на проширување е клучен забрзувач на социјална инклузија, вработувањето и намалувањето на сиромаштијата во земјите – кандидатки, и затоа тој мора да се сфати како стратешка инвестиција.

Стратегијата против сиромаштија на Европската унија, сега и за земјите-кандидатки од Западен Балкан ќе е своевиден водич во борбата со неа. Нивото сè уште е високо и изнесува 22 проценти. Нашето општество се соочува со две екстремно сиромашни групи, и тоа, семејства со самохрани родители и многудетни семејства.

Од 2020 година во земјава нема конкретен документ кој системски ќе се применува туку само парцијални програми, мерки и акции што не може да ги сублимираат на едно место сите напори на властите, вели Дуковска од Македонската платформа против сиромаштијата.

Стратегијата на Европската комисија, како патоказ, но и можност со граѓаните во сиромаштија да се модулира и координира со сите политики што се промовираат во земјава за намалување, не само на сиромаштијата, туку и на социјалната исклученост.

Европскиот документ пред сè ќе придонесе, сметаат од платформата, тоа што сега го правиме инцидентно, како земја кандидат да го ставиме во систем кој дефинитивно ќе ја намали сиромаштијата и ќе нè доближи до земјите членки.

Фиљана Кока