Скопје очекува конструктивност од новата бугарска влада
Румен Радев ќе ја предводи новата влада. Ова отвора можности и за Македонија зашто ќе има стабилен кабинет. Претседателката Сиљановска – Давкова во Радев гледа соговорник со кого, со добра верба ќе разговара за подобрување на билатералните односи со Софија.

Бугарија доби стабилна, влада Македонија очекува соговорник во Софија за надминување на билатералните проблеми. Се надевам дека ќе ги подобриме меѓусоседските односи, вели премиерот Мицкоски, по изборот на Радев за нов бугарски премиер. Македонскиот шеф на владата му упати и покана за средба.
Слични ставови и очекувања има и македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова.
Фактот што новиот бугарски премиер Румен Радев има стабилна влада, влева оптимизам, со оглед на тоа што и Македонија ќе има стабилен соговорник, став на македонската претседателка Гордана Силјановска- Давкова. Таа информира и дека на маргините на последниот самит во Ереван, остварила пријателска и ветувачка средба со бугарската претседателка Илијана Јотева.
Честитки за изборот на Румен Радев за премиер упати и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура“, стои во соопштението од Филипче.
И додека Филипче вели оти европскиот пат на Македонија во моментов поради нашата влада која создавала вештачки конфликти со соседите, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека се познати ставовите на Радев за Македонија и македонскиот народ, јазик, идентитет и историја и оти не очекуваат тој да се откаже од бугарските барања и од ветото.
Марија Котовска
