Анализа

Поголема заштита на жртвите од семејно насилство

08.05.2026 18:07

Подобрување на постојната инфраструктура и зголемување на опсегот на услуги за жртвите на семејно и родово базирано насилство, бара невладиниот сектор. За тоа да се случи, од државната каса годишно треба да се издвојат околу 7 милиони евра. Познавачите сметаат и дека бесплатната правна помош треба да се прошири на повеќе аспекти за да можат жртвите целосно да го заокружат процесот и да почнат ново животно поглавје.

Седум милиони евра годишно треба да издвои државата за да ги покрие трошоците за жртвите на семејно и родово базирано насилство. Тоа го покажува анализата на Мрежата против насилство врз жените, според која за СОС линии, Шелтер центри, советувалишта, бесплатна правна помош треба да се издвојат 0,1 насто од државниот буџет.

Познавачите велат дека дел од услугите, иако предвидени со закон, воопшто ги нема, а оние што ги има – не одговараат целосно на потребите на жртвите.

На земјава и недостигаат 24 шелтери, 7 центри за упатување на жртви од сексуално насилство, а нема ниту еден центар за специјализирана психолошка поддршка за жртвите на силување.

Анита Димитријевска – Велковска