Проверки за реекспортот на горива
И натаму траат инспекциските проверки за наводниот реекспорт на горива во странство, за кои е добиен попуст. Надлежните ги продолжуваат преговорите со ОКТА, мерката да важи и по 18 мај...

Откако бензините поскапеа за 2 и пол, а дизелот за 2 денари, од Владата очекуваат поевтинување на горивата од следната недела. Премиерот се надева на стабилизација на цената.
Бензинот од 95 октани чини 83 денари, 98-октанскиот 85 денари, а дизелот се точи за 90,5 денари по литар.
Попустот од добавувачот ќе трае до 18 мај. Ако има потреба, ќе се преговара за тој да продолжи.
Од Владата велат дека траат засилените проверки од страна на пазарните инспектори поради сомнеж дека некои нафтени компании вршеле реекспорт на горива. Секој што ги прекршил правилата ќе одговара.
Во сила и натаму останува повластено ДДВ од 10% за бензините и намалена акциза за 2 денари, а кај дизелот акцизата е скратена за 4 денари.
Цената на нафтата на светските берзи и денеска расте. Брент поскапе за околу 5% и надмина 114 долари по барел. Цената на нафта брент надмина 100 долари за барел, поради повторната ескалација на тензиите меѓу САД и Иран.
Борис Грујоски
