Битола

Полицајци во цивил чуваат битолско училиште

08.05.2026 18:35

Инцидентот во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, каде седмоодделенец на социјална мрежа објавил пораки, кои беа протолкувани како заканувачки кон негови соученици е пријавен во надлежните институции. Полицајци во цивил ќе го чуваат училиштето за време на наставата.

Вознемирувачки пораки испраќани на тик-ток од страна на седмоодделенец до негови соученици ја разбранува битолската јавност откако загрижените родители поднесоа анонимна претставка до ДПИ. Според директорот на училиштето „Стив Наумов“ каде што учат истите, преземени се мерки според нивните надлежности.

Од СВР Битола велат дека работат на расчистување на случајот.

„Тие ќе ми кажуваат што ќе снимам, мене школото ќе ме контролора во приватниот живот“. “Завршивме во полициско комбе, а телефонот не ми го зедоа“, „Не сме исти!“, се вели во дел од пратените пораки.

Од училиштето велат дека мобилни телефони се забранети за време на наставниот процес, а пораките се упатувани надвор од училиштето.

До расчистување на случајот, училиштето е под полициски мониторинг.

 

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска