Хантавирус

Олумчев: Нема опасност од хантавирусот, но потребна е внимателност

08.05.2026 19:49

Претпазливост од хантавирусот мора да има. Тој се појавува од глодари и нечисти простории а се манифестира со покачена температура и главоболки. Вака вели епидемиологот Сашо Олумчев кој повика на вниматленсто пред полските работи.

Покачена телесна температура која трае една недела, главоболка, болки во грбот. Ова се најчестите симптоми на хантавирусот кој не се пренесува многу од човек на човек.

Епидемилогот од Гевгелија, Сашо Олумчев, вели дека овој вирус кој може да биде фатален, го пренесуваат глодари. Од тука тој апелираше на внимателност при изведување полски работи.

Олумчев смета дека не треба да се потцени вирусот кој предизвикува компликации, најчесто кај белите дробови и бубрезите. Затоа, тој смета дека одржувањето хигиена е клучен фактор.

Пред пет дена, кластер од патници со тешка респираторна болест на крузер бил пријавен во СЗО. Бродот превезувал 147 патници и членови на екипажот, а заклучно со 4-ти мај, идентификувани беа седум случаи со хантавирус.

Ване Трајков