Фестивал на виното во Битола
Македонското поднебје има одлични услови за производство на квалитетно вино. Трет ден од винскиот фестивал во Битола. Нова можност на сите генерации, но и на туристите да им се доближи вкусот на пијалокот на боговите.

Имаме плодна почва и многу сончеви денови во годината. Одлични услови за производство на квалитетно македонско вино. Но, ако ние знаеме дека „виното е пијалокот на боговите“ новите генерации немаат винска култура, вели производител.
Винскиот фестивал е нова можност овој деликатесен пијалок да го доближи до сите генерации, но и до туристите во Битола.
Храната е таа којашто треба да го заслужи виното, а не виното храната.
Деновиве стотици граѓани уживаат во спојката од квалитетно вино, добра храна и музика. Овој мајски фестивал е додадена вредност во културните содржини на градот и го потврдува епитетот „Битола град на културата“.
Ружица Аџикотарева
