Селекцијата на отпадот-чекор до регионално депонирање
Се забрзува организираното депонирање на отпадот во прилепскиот регион. Селекцијата е чекор до регионалното организирано депонирање. Сегашната состојба на расфрлање на отпадот во државава е алармантна.

Прилеп забрзано ја спроведува селекцијата, чекор поблиску до регионалното управување со отпадот. За брзо ќе профункционира фабриката за селекција на отпадот кај сегашната градска депонија каде ќе биде и претоварниот центар за четири општини. Кон селекцијата е и новото собирно место за електричниот отпад.
Досегашните состојби со отпадот во држава повикуваат на будење
Дури, високи 30 проценти од отпадот се исфрла на непознати локации, или се пали, што е алармантно.
Граѓаните заслужуваат повеќе едукација и уште поголемо вклучување на локалните власти
Во Прилеп годишно се одложуваат околу 30.000 тони отпад.
Елизабета Митреска
