Струмица

Ќе се поставуваат термални камери по депониите во струмичко

10.05.2026 16:57

Ќе се поставуваат термални камери по депониите во струмичко со цел рана детекција на пожарите. Ова е проектот што Центарот за развој на Југоистокот ќе го имплементира во струмичко од програмата за прекугранична соработка со соседна Грција.

Ќе се монтираат термални камери со цел да се детектираат потпалувачите на депониите во Струмичко. Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со реализација на прекуграничен проект со соседна Грција, со кој ќе се воспостави систем за рано откривање и спречување пожари на депониите.

Паралелно со поставувањето термални камери, проектот предвидува и кампањи и обуки за подигање на јавната свест. Паралелно ќе бидат мапирани и сите неконтролирани диви депонии во струмичкиот регион.

Активностите од прекуграничниот проект ќе бидат насочени кон унапредување на постоечките системи за управување со отпадот, модернизација на депониите и обуки за персоналот.

Ване Трајков