Собрание

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нов член на ДКСК

11.05.2026 09:09

На дневен ред на седницата се наоѓаат и повеќе други кадровски и организациски точки...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца.  Комисијата ќе расправа и за измени во составите на собраниските комисии по барање на ЗНАМ, како и за одлуките поврзани со пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред се и предлог-одлуки за разрешување и именување претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Св. Климент Охридски“.