НОБ

Со две премиери на Пучини свечено отворени 54. „Мајски оперски вечери“

11.05.2026 11:05

Со изведби на, „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ синоќа во, Македонската опера и балет беше отворно 54. Издание на Мајските оперски вечери...

Со изведби на, „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ синоќа во, Македонската опера и балет беше отворно 54. Издание на Мајските оперски вечери.

Диригент е на двете едночинки беше Џанлука Мартиненги. Режијата е на Пјер Франческо Маестрини, сценографијата ја потпишува Гилермо Нова, костимограф е Кристина Ачети), а кореограф Саша Евтимова, хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, додека концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Оркестарот звучеше компактно, богато и емотивно ангажирано, особено во лирските пасажи на „Сестра Анџелика“, каде што жичаните инструменти создаваа речиси филмска атмосфера на интимна духовна болка. Во „Џани Скики“, пак, истиот оркестар доби сосема друга енергија, подвижен, остар, духовит и ритмички беспрекорен.

Во центарот на „Сестра Анџелика“ беше извонредната Валентина Бои, чија интерпретација на Анџелика беше технички прецизна, но уште поважно, длабоко човечка. Силен контрапункт на нејзината кревкост беше Бенедета Мацето како Принцезата.

По емотивната тежина на „Сестра Анџелика“, „Џани Скики“ дојде како експлозија на живот, сарказам и театарска игра. Тука доминираше харизматичниот Роберто Де Кандиа во насловната улога.

Особено впечатлива беше Ана Дурловски како Лаурета. Нејзината изведба на „O mio babbino caro“ беше еден од најтоплите и најнежните моменти на вечерта, интерпретација без претерана патетика, но со искрен лирски сјај.

Гуо S-Жао како Ринучио внесе младешка енергија и сигурен тенорски израз, додека ансамблот во целина функционираше прецизно, живо и актерски координирано.

Она што оваа продукција ја прави навистина значајна е фактот што не се задоволува со убаво пеење и визуелна раскош. Таа создава емоционално и интелектуално искуство. „Сестра Анџелика“ нè соочи со вина, загуба и можноста за духовно простување, додека „Џани Скики“ беше горчливо духовита рефлексија за алчноста, манипулацијата и моралниот компромис, теми кои очигледно и денес звучат актуелно.

Со ова отворање, Мајските оперски вечери не само што ја отворија новата фестивалска сезона, тие поставија високо уметничко ниво и испратија порака дека Македонската опера и балет продолжува да биде институција способна да создава продукции што можат достоинствено да стојат на европската оперска сцена.