Енергетика

Божиновска во Белград на Енергетски форум

11.05.2026 20:37

Енергетската безбедност, стабилноста на снабдувањето и забрзувањето на енергетската транзиција главни теми на дискусија меѓу министрите за енергетика и водечките луѓе во енергетскиот сектор од регионот и Европа, на Енергетскиот форум во Белград...

Во време на зголемени геополитички и пазарни притисоци врз европскиот енергетски сектор, фокусот на разговорите е зајакнување на регионалната соработка, поврзување на пазарот на електрична енергија, развој на обновливи извори на енергија и инвестиции што треба да придонесат за поголема енергетска безбедност во Југоисточна Европа.

Меѓу клучните теми на Форумот е декарбонизацијата на енергетскиот сектор, дигитализацијата, интеграцијата на обновливи извори на енергија, отпорноста на енергетските системи, како и предизвиците што ги носи регионот со примената на регулативите на Европската унија.

Оливер Бранковиќ