Катерина Зајковска е предлог одлуката на собраниската Комисија за избор и именување
Зајковска е прворангирана од вкупно 5 кандидати со 90,67 бодови. Комисијата за селекција врз основа на дадените одговори оценила дека Зајковска има големо искуство во областа на борба против корупцијата и судир на интереси.

Катерина Зајковска е предлог одлуката на собраниската Комисија за избор и именување за член на Државната комисија за спречување на корупција. Зајковска е прворангирана од вкупно 5 кандидати со 90,67 бодови. Комисијата за селекција врз основа на дадените одговори оценила дека Зајковска има големо искуство во областа на борба против корупцијата и судир на интереси.
Второрангираната Милка Муратовска со само не цел бод помалку, беше предлогот на опозицијата. Според нив Муратовска која магистрирала на тема Антикорупција е поквалификуван кандидат од Зајковска.
Наташа Георгиевска е изборот на собраниската Комисија за член на Државниот Совет за превенција од детско престапништво и правда.
Одлуките на комисијата ќе бидат усвоени на собраниска седница со мнозинство на гласови.
Марина Стојанова-Тонева
