Политика

Нови меѓупартиски обвинувања околу уставните измени и европскиот пат

11.05.2026 17:21

СДСМ повтори дека уставните измени се неопходни за членство во Европската унија, додека ВМРО-ДПМНЕ обвини дека опозицијата работи спротивно на интересите на државата. Двете партии разменија обвинувања и за реформите, односот кон Брисел и заштитата на националниот идентитет.

Социјал-демократите остануваат на ставот дека уставните измени се клучот за прогрес на земјава и членство во Европската унија. Прашањето за малцинствата не го водиме со Бугарија туку со Европската унија, вели Венко Филипче, кој вели дека владејачката гарнитура манипулира со граѓаните, велејќи дека Брисел е виновен за неисполнување на нашите реформи. Преку Закон за антикорупција, Филипче вели, имаме широка поддршка за нашата платформа.

СДСМ и Филипче со рејтинг од само 4%, знаејќи дека во Македонија никој не ги поддржува, ниту им дава на значење, се свртија да одработуваат за странски држави и странски партии. СДСМ и Филипче свесно шират какофонија во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

И додека во СДСМ велат дека пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите, во ВМРО-ДПМНЕ со повик до СДСМ и Филипче, конечно да се вразумат и да застанат во одбрана на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство.

Миле А. Ристески