Случај „Пулс“

Судење за 13 полицајци во случајот „Пулс“

11.05.2026 18:57

Сите 13 полицајци обвинети во случајот „Пулс“ негираат вина дека со нивните пропусти во постапувањето придонесел за трагичните последици за настанување на пожарот. Обвинителството вели има обемна документација и вербални докази, тврди дека изготвиле нецелосен акциски план за проценка на ризик.

Почна судењето за 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“. Ќе се докажуваат улогата и позицијата на секој од обвинетите во временскиот период кога постапувале, рече обвинителката. Кои се дејствијата коишто ги презеле односно, не ги презеле при вршење на контрола во дискотеката. На дел им се става на товар дека не го потпишале планот за акциска контрола, спротивно на закон тоа го сториле по несреќата.

Според бранителите обвинението е неосновано.

Обвинетите треба да покажат човечност и доблест и морална одговорност, а не да се трча по психијатриски оправданија, рекоа родителите на загинатите во „Пулс“.

Беше одбиено барањето на обвинетите овој судски процес да се одложи додека да заврши судењето што се води во „Идризово“ за пожарот во „Пулс“.

Наташа Јанчиќ-Менковски