Жалбите за двојното убиство пред Апелација
Одбраната на четворицата осудени на доживотен затвор за свирепото убиство на Вања и Панче, бараат пресудите да се укинат, судењето одново да се врати во Основниот кривичен суд. Во Апелација беа разгледувани нивните жалби. Во исто време Обвинителството инсистира таткото на Вања да одговара за грабнувањето.

Случајот што ја шокираше Македонија повторно во фокус на јавноста. Во Апелација се разгледуваа жалбите на Палевски и на другите обвинети за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Осудените на доживотен затвор бараат ослобода од обвинение и да се испитаат доказите кои биле изземени во судската постапка.
Жалба има поднесено и обвинителството, кое не се согласува со ослободителната пресуда за таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. Обвинителството смета дека информациите за движењето на ќерка му наутро за на училиште, на киднаперите и на убиецот, им ги дал токму тој.
„Александар вечерта им испраќа порака на децата да се облечат, небаре како да одат на планина. Неговото однесување наредниот ден кога повторувал дека детето е грабнато и убиено, по што се упатува накај Качанички пат, според наводно некое филмско сценарио по патеката на којашто е однесена Вања во багажник и потоа бара да се провери и автомобил на некој од Велес.“ – стои о соопштението од Апелациски суд.
Според адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ рече, првичната пресуда на судот е правилна и очекува Апелација да го потврди тоа.
„Доколку постоеше еден промил кој укажува на какво било учество на Александар во овој грозоморен чин, убеден сум дека би била донесена поинаква одлука“. – соопштија од Апелациски суд.
Ѓорчевски, по наводите на неговиот адвокат, само додаде дека се наоѓа во позиција на заложник и дека нема што да додаде.
Кривичниот суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди на доживотен затвор, а таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски го ослободи.
Ана Јосифоска
