Култура

Македонската филхармонија в четврток ќе одржи концерт во Струга

12.05.2026 19:47

Љубителите на класичната музика во Струга, в четврток ќе можат да проследат концерт на Македонска филхармонија во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Под водство на диригентката Бисера Чадловска ќе бидат изведени фрагменти од балетски композиции на Прокопиев, Чајковски, Минкус и Гуно.

Македонска филхармонија в четврток, на 14 мај, ќе гостува на сцената на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со концерт под диригентство на Бисера Чадловска.

На програмата се фрагменти од балетски дела на Тома Прокопиев, Петар Илич Чајковски, Лудвиг Минкус и Шарл Гуно.

Концертот ќе започне во 19 часот, а се реализира во соработка со Општина Струга.